Не мора секогаш да трошите многу пари за да го имате она што го сакате и да го декорирате домот по ваш вкус. Понекогаш е потребно само малку труд, имагинација, време и многу малку пари за да го украсите вашето катче. А сега е вистинското време да направите имитација на камин кој целосно остава впечаток дека е реален.

Можете да си играте со бои, украси и различни видови материјали, а во последно време како празнична декорација стана многу популарен каминот од стиропор. И навистина, ретко можеме да ги замислиме Новата година и Божиќ без оган да пука во каминот, светилките и елките.

За да го направите овој камин ќе ви требаат:
Неколку даски од подебел стиропор, Топол лепак (т.н. силиконски лепак), декоративна позадина со имитација на камен

Постапка:
Прво, одберете како сакате да изгледа вашиот камин. Под ова се подразбира обликот и структурата, како и малите детали. Ако сакате да биде квадрат, треба да исечете еднакви страни, задниот дел од каминот, долната и горната плоча. Исечете ги страните така што ќе бидат со иста големина, а горната плоча и долниот дел треба да бидат исти.

Деловите можете да ги поврзете во една целина, или со помош на силиконски лепак, или со помош на чепкалки, така што ќе ги прободите во двата дела и така ќе ги поврзете. На крај исечете ги украсните елементи и залепете ги на предната страна на каминот.

За каминот да изгледа што поубаво, совет е внимателно и прецизно да залепите украсна тапет со имитација на камен над стиропорот. За да го постигнете конечниот ефект, наредете го дрвото внатре во каминот и ставете сијалици над и помеѓу нив.

Погледнете го видеото кое објаснува како да направите камин од стиропор:

By admin

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *